СТАНДАРД life
Шоубиз

Од танцување на маса до бикини: Kако Џенифер Лопез го прослави својот 54-ти роденден (ФОТО)

Во понеделникот латино дивата Џенифер Лопез во голем стил го прослави својот 54 роденден, кој ден подоцна го откри со интересен сет фотографии на Инстаграм.

Откако позираше во долна облека Intimissimi додека се подготвуваше за големиот ден, 54-годишната Лопез повторно ја воодушеви својата армија обожаватели на Инстаграм.

Помеѓу фотографиите во црни бикини стилизирани со привлечни додатоци, латино дивата откри блескаво забавно издание со голем исечок на грбот, а во еден момент од прославата на роденденот се качила на маса и заиграла.

Иако посебниот ден е зад неа, бидејќи беше во понеделник, поп-ѕвездата јасно стави до знаење дека не планира да престане да слави.

„Роденденско расположение…цел месец!! Секогаш е добар ден кога Лола доаѓа да игра… #OnTheJLo: Наскоро роденденско издание“, напиша таа во роденденската објава на Инстаграм, мислејќи на нејзиното „разиграно“ алтер его.

Како на свадба: Џенифер Лопез и Бен Афлек блеснаа во бело (ФОТО)

Роденденот на латино дивата доаѓа откако неодамна ја прослави првата годишнина од бракот со оскаровецот Бен Афлек. Двојката повторно се обедини по 20 години разделба, а обновената врска беше крунисана со брак на интимна церемонија во Лас Вегас, а не долго потоа на ранчот на Бен во Џорџија, опкружен со пријателите и семејството.

Поврзани вести

Откриено е како изгледале последните две недели на Метју Пери, безуспешно се обидувал да си помогне со лекови: „Беше лут и дрзок“

Urednik

„Maestro“ веќе е кандидат за Оскар – доби седумминутни овации во Венеција

Urednik

Најголемиот проблем на Кејт Мидлтон како идна кралица

Urednik