СТАНДАРД life
Шоубиз

Поранешната девојка на Метју Пери: „Не можел така да се удави“

Очигледно желна за своите пет минути слава, поранешната девојка на Метју Пери, Кајти Едвардс, одлучила да излезе во јавност и да ги каже своите размислувања за покојниот актер и неговата смрт.

Актерот Метју Пери имаше кратка и бурна врска со Едвардс во 2006 година, откако се запознаа на состанок на анонимни алкохоличари. Иако оттогаш поминаа 17 години, Кајти верува дека сепак добро го познавала Чендлер Бинг, миленикот на многумина, па решила да ги сподели своите размислувања со јавноста.

Таа е толку убедена дека актерот, во пресрет на неговата смрт, повторно бил „заглавен“ во зависности и дека тоа довело до негово ненадејно заминување.

„Го познавам Метју и знам дека не можел така да се удави. Мислам дека пиел апчиња неделата пред да умре и тоа доведе до ова“, изјави Кајти за британски „Сан“.

Поранешната манекенка тврди дека била во кратка врска со Пери откако се запознале во 2006 година, но и дека после останале исклучително блиски, дури и до тој степен што му била лична асистентка во 2011 година.

Иако првичните извештаи за токсикологија беа негативни за фентанил и метамфетамин, Кајти вели дека полицискиот извештај „не држи вода“.

„Тие рекоа дека во неговиот дом не биле пронајдени апчиња против болки или нешто слично, но тоа не ме чуди бидејќи тој сигурно не ја оставил дрогата да лежи наоколу. Беше параноичен и ќе ги земеше сите, па немаше докази“.

Покрај тоа, таа додаде дека последната објава на Пери на Инстаграм укажува дека тој повторно е заглавен во се. „Бев со него кога се дрогираше, иако не се дрогирав со него, а кога ќе му кажев да престане, тој ќе ми речеше: „Нема, јас сум Метмен“!

Но, таа не застана тука со своите изјави, велејќи дека Пери сакал да поминува време во базен или џакузи кога се опивал или земал опијати, раскажувајќи како поранешен сосед го нашол гол во неговиот базен. После тоа, таа рече дека таа му купувала кокаин, хероин и крек во 2011 година, кога била во петтиот месец од бременоста, тврдејќи дека Пери и кажал дека „полицијата нема да застанува трудница’.

Со оваа девојка Метју Пери го имал последниот состанок: „Неговата смрт ме опустоши“ (ФОТО)

Поврзани вести

📸 Оливија Вилд го привлече вниманието на ревијата со проѕирна кошула без градник

Radmila Tasevska

Бритни го опиша абортусот во своите мемоари: Џастин ми даде апчиња за да ја прекинам бременоста

Radmila Tasevska

Викторија Бекам јаде исто јадење веќе 25 години: Со Дејвид само еднаш делела оброк

Radmila Tasevska