СТАНДАРД life
Стил

Џаред Лето носи креација од познат регионален дизајнер во најновото издание на Vogue

ЏАРЕД Лето, познат по својот уникатен стил, повторно ја изненади модната заедница со своето последно појавување во магазинот Vogue. Лето во овогодинешниот едиторијал облече сино предимензионирано одело на српскиот моден бренд Mihano Momosa.

Модниот бренд кој стои зад дизајнерот Михаило Анушиќ е познат по извонредните венчаници и романтичните парчиња кои станаа омилени меѓу Балканките.

Џаред Лето блесна во костум од колекцијата La Luna, кој се истакнува со својата еклектична нијанса на сина боја и големото цвеќе на рамото.

Михаило Анушиќ ја нагласува важноста да се создаваат модели кои поттикнуваат лично изразување и уникатност, а токму по тоа го паметиме овој уметник.

На овогодинешната Мет Гала тој се појави облечен како мачка, па реши да и оддаде почит на познатата мачка на Карл Лагерфелд, Choupette.

Поврзани вести

📷Ова е еден од најубавите пуловери: Толку е шик и удобен, а еден детал го прави посебен

Urednik

📸Сите во втор план: Кајли Џенер ја долови сексипилноста на доделувањето на Innovator Awards

Urednik

Од свадби до излегувања во град: Овој прекрасен фустан е совршен избор за секоја пригода

Urednik