Во последно време сè поголем број невести избираат елегантни венчаници, со едноставни линии и долги ракави, но не и со детаљ од долги реси, кои најмногу ја красат венчаницата на оваа стилска невеста од Шпанија.
Од времето на пандемијата, која имаше големо влијание врз организирањето на свадбите, во последните месеци не престанавме да бидеме сведоци на неконвенционалните избори на невестите, кај кои Шпанките убедливо предничат.
Од носење удобни еспадрили до бел костум од „Зара“ како венчаница, тие се полни со оригинални идеи за посебен ден, а таква имаше и оваа шпанска невеста.
Оваа шпанска невеста ја пронашла својата венчаница од соништата во модел потпишан од локалниот дизајнер „Луис Инфантес“, кој се издвојува по невообичаениот дизајн, но го има бараниот „вау“ ефект за пристигнување до олтарот.
Така, во нејзиниот избор доминира детаљ од долги реси во манирот на 20-тите години на минатиот век, во комбинација со проѕирни ракави од тул и дебел ремен.
Овој моден детал ги држеше ресите под контрола и дополнително ја прилагоди предимензионираната венчаница на фигурата.
Меѓутоа, за да создаде незаборавни фотографии, оваа невеста го отфрлила детаљот од ременот и венчаницата со реси ја претставила во полн сјај.