Дали знаевте дека постои торта посветена на Роберт Редфорд, легендарниот актер кој почина на 16 септември 2025 година?
Оваа торта е позната под различни имиња: „Подобра од секс торта“, „Секс во тава“, „Подобра од Роберт Редфорд торта“ или „Следното најдобро нешто за Роберт Редфорд“, и е најпопуларна во Соединетите Американски Држави.
Без оглед на името, тоа е ретро десерт кој е лесен за подготовка и сакан на забавите.
Состојки:
за основата:
* 150 гр обично брашно
* 150 гр путер
* 120 гр сечкани ореви
за кремот:
* 500 гр крем сирење
* 200 гр шеќер во прав
* 500 мл шлаг
* пудинг од чоколадо
* пудинг од ванила
* 50 гр путер
* 700 мл млеко
* 2 лажици рендано темно чоколадо
Подготовка:
Измешајте го брашното, стопениот путер и сечканите ореви. Истурете ја смесата во дното на помал калап. Печете на 180 степени околу 25 минути, додека не добие златно-кафеава боја. Оставете целосно да се олади.
Матете го крем сирењето, шеќерот и половина од шлагот додека не добиете мазна смеса.
Намачкајте ја врз изладената основа.
Измешајте ги пудинзите од ванила и чоколадо и сварете ги во 700 мл млеко. Додадете 50 гр путер во топлиот пудинг. Оставете да се олади и прелијте го сирењето.
Изматете го преостанатиот шлаг и рамномерно распоредете го врз пудингот. Посипете рендано чоколадо одозгора.
Ставете во фрижидер шест до осум часа пред сервирање.
На здравје!
