СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
МК Сцена

📽️Калиопи привлече големо внимание со својата нова песна

Калиопи објави нова песна „Добра вечер и добра ноќ“ која носи моќна порака за женската храброст, љубовта кон себе и внатрешниот мир што доаѓа кога одлучуваме да не ја негираме сопствената вистина.

Познатата македонска пејачка и една од најпрепознатливите уметници од овој регион, вчера на прес-конференција во Белград ја претстави својата нова песна. Таа веќе го носи препознатливиот белег на нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Ромео Грил, кој ја напиша музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, уште при првото слушање.

На социјалните мрежи и Јутјуб, каде што песната е веќе достапна, реакциите на обожавателите се многу позитивни: „Музичко освежување од Калиопи“, „Одлична песна, ве чекаме во Словенија“, „Ромео Грил и Калиопи се подеднакво одлични“ – ова се само дел од коментарите што сведочат дека пејачката повторно успеала да го допре срцето на публиката.

Песната „Добра вечер и добра ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи, а судејќи според првичните реакции, таа ќе биде еден од најзначајните музички моменти во кариерата на Калиопи во последните неколку години.

Поврзани вести

📽️„Доминантен“ – Новата песна на Лара Иванова ги спојува музиката, танцот и емоцијата

Urednik

📸Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна програма

Urednik

Влатко Стефановски и неговото трио одржаа спектакуларен концерт во Белград

Radmila Tasevska