СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Анџелина Џоли снима филм за оперската дива Марија Калас, погледнете ги првите фотографии од сетот (ФОТО)

Во Бугарија започна продукцијата на биографскиот филм Марија за најголемата оперска дива на сите времиња, Марија Калас. Магазинот Variety ги објави првите фотографии од сетот на кој можеме да ја видиме Анџелина Џоли во насловната улога.

Филмот доаѓа од режисерот Пабло Ларен, кој ги режираше филмовите номинирани за Оскар Џеки и Спенсер.

Марија ќе биде последниот филм од трилогијата биографски филмови за влијателни жени од минатото. Во продолжение погледнете ги првите фотографии од сетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Според официјалниот опис на претстојниот биографски филм, Марија ќе го следи животот на легендарната и контроверзна пејачка, а во фокусот на филмот ќе бидат нејзините последни денови поминати во Париз во 1970-тите.

Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, креаторот на хит-серијата Peaky Blinders, а покрај Анџелина Џоли, во филмот играат и Пјерфранческо Фавино, Алба Рорвачер, Халук Билгинер, Коди Смит-Мекфи и Валерија Голино.

„Многу сум возбуден поради почетокот на продукцијата на филмот Марија, кој се надевам дека ќе ги доближи извонредниот живот и делото на Марија Калас до публиката ширум светот, благодарение на прекрасното сценарио на Стивен Најт и работата на актерската екипа и целата филмска екипа – особено Анџелина Џоли, која се подготви прекрасно“, изјави Ларен.

Поврзани вести

Колекција на уникатни италијански и француски вина по достапни цени на пазарот во земјава

Urednik

Рада Манојловиќ на прославата ја красеа со банкноти, па клекнаа пред неа: По ова пејачката остана во шок (ФОТО)

Radmila Tasevska

Милевски: Создаваме пост-ковид амбиент за општините да можат посилно да го придвижат локалниот развој

Влатко Зорба