Стандард
Некатегоризирано

Николовски: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите

Денес, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, имаше свое видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, на којашто учествуваа земјите – потписнички на Конвенцијата против корупција на Обединетите нации. Република Северна Македонија во 2007 година ја ратификуваше Конвенцијата на Обединети нации против корупцијата, и нејзините одредби станаа составен дел од правниот поредок на Северна Македонија. Вицепремиерот Николовски, во своето видео обраќање посочи дека врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија е борбата против корупцијата, што јасно ја докажа со воведувањето на нова функција во Владата, заменик на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси.

„Борбата против корупцијата е клучен приоритет во владината рамка „Акција 21“, и тоа е резултат на нашата силна определба за воведување на систем кој генерира и испорачува правда, правна држава, ред и поредок. Нашата политичка волја и напори за спречување на корупцијата е јасна и недвосмислена. Преку спроведување и имплементација на Конвенцијата на Обединети Нации против корупцијата, како и преку Планот на Владата за борба против корупција, создаваме општество во кое нема да има место за корупција, општество во кое се почитува правото и заштитата на човековите права за секој граѓанин. И тоа е нашиот влог во иднината, за подобар живот и за просперитетна држава со силни институции.

Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите кои ги преземаме на Генералното собрание на Обединети Нации, а кои се пренесуваат во целиот свет. Ова е заедничка инвестиција, со која ќе изградиме подобар свет за сите нас“, посочи вицепремиерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека Северна Македонија за прв пат донесе План за борба против корупцијата, составен од системски мерки, за длабоки реформи во општеството, кој се заснова на неколку столба – дигитализација, механизми за проверка на имот и капитал, конфискација на нелегално стекнат имот, транспарентност, подигање на свеста на граѓаните за пријавување корупција, високо ниво на интегритет и етички стандарди за носителите на јавни функции.

Вицепремиерот Николовски во своето видео обраќање на посебната седница на Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации против корупција – 2021, потенцираше дека Конвенцијата на ООН против корупција, испраќа јасна порака, дека целата меѓународна заедница е одлучна да води бескомпромисна борба против корупцијата.

 

Поврзани вести

Што треба да знаеме за методот балирање на отпадот?

Влатко Зорба

Милевски: Создаваме пост-ковид амбиент за општините да можат посилно да го придвижат локалниот развој

Влатко Зорба

Бектеши: Трговските центри да работат и во недела

Влатко Зорба