СТАНДАРД life
Некатегоризирано

Започнува Винодонија 2024 – најпрестижниот вински настан во Македонија!

Уште само неколку часа остануваат од почетокот на Винодонија 2024, најпрестижниот вински настан во Македонија, кој и годинава ветува незаборавно искуство за сите љубители на виното. Салонот ќе се одржи во хотел Мериот, во Скопје, а ќе биде отворен за посетители денес (петок) и утре (сабота) од 15:00 до 21:00 часот.

Со повеќе од 70 вински брендови кои ќе изложат над 500 вински етикети, Винодонија 2024 ветува незаборавно винско патување. Посетителите ќе имаат можност да ги вкусат најдобрите вина од Македонија и странство, додека 15 гастро-изложувачи ќе ги надополнат елегантните вински моменти со ексклузивни деликатеси.

Интернационалниот карактер на Винодонија 2024 се огледува во присуството на винари и експерти од различни земји, кои ќе ги споделат своите најдобрите вина и најнови трендови во светското винарство. Оваа година, покрај македонските вина кои ја раскажуваат приказната на нашите лозја, посетителите ќе имаат можност да дегустираат и врвни вина од регионот и пошироко.

Водечкиот карактер на Винодонија 2024 ќе дојде до израз и преку едукативните работилници и предавања. Еминентни експерти од винската индустрија ќе споделат свои знаења на специјални мастер-клас дегустации и интерактивни сесии, кои се наменети за сите – од искусни вински познавачи до оние кои сакаат да ја продлабочат својата љубов и разбирање за виното.

Доколку сè уште немате билет, осигурете си го вашето место за овој настан. Билетите може да ги набавите онлајн на следниот линк: https://vinodonia.mk/shop/

Винодонија 2024 е прослава на креативноста, традицијата и љубовта кон виното. Дојдете и бидете дел од ова незаборавно доживување!

Поврзани вести

Анџелина Џоли снима филм за оперската дива Марија Калас, погледнете ги првите фотографии од сетот (ФОТО)

Radmila Tasevska

Николовски: Корупцијата и криминалот не познаваат граници, мора да бидеме единствени во заложбите

Влатко Зорба

Колекција на уникатни италијански и француски вина по достапни цени на пазарот во земјава

Urednik