СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung Galaxy Fold 2 ќе има поевтина верзија и 256 GB меморија за складирање

Samsung Galaxy Fold, објавен минатата година, беше достапен со една опција за меморија за складирање – 512 GB. Сепак, неговиот наследник, најверојатно, кој ќе се нарекува Galaxy Fold 2, ќе има две опции за складирање, почнувајќи од 256 GB.

Информациите доаѓаат од SamMobile, кој тврди дека Samsung Galaxy Fold 2 со број SM-F916 има 256 GB складирање, додека SM-F91x доаѓа со 512 GB складирање.

Galaxy Fold 2, со помалку складирање, ќе и овозможи на Samsung да ја намали почетната цена на уредот, што е одлично да се знае, со оглед колку се скапи сегашните флексибилни модели на јужнокорејската компанија.

Galaxy Fold по објавата имаше цена од 1980 долари, но не е познато колку ќе биде пониска цената на новиот модел со 256 GB меморија за складирање.

Поврзани вести

Huawei P40 Pro – 5 камери, батерија од графен и 120Hz дисплеј

msp-admin

Новиот ултразвучен скенер за отпечатоци на Qualcomm е поголем и побрз

Влатко Зорба

Медиумски компании бараат од Apple да наплаќа помалку за продажбата на апликации

msp-admin