СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Основачот на „Твитер“ донира една милијарда долари за борба против Ковид-19

Основачот и сопственик на Твитер, Џек Дорси, најави дека ќе донира една милијарда долари за да помогне во борбата против пандемијата од новиот коронавирус.

Тој на социјалната мрежа објаснува дека сумата претставува 28 проценти од неговото богатство. За да се обезбеди тоа, тој постепено ќе продава акции на својата друга компанија, Сквер, специјализирана за електронски плаќања.

Сопственикот на Амазон, Џеф Безос, кој во моментот е најбогат човек во светот, пред неколку дена објави на Инстаграм дека ќе донира 100 милиони долари на американските банки за храна.

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и неговата сопруга Присила Чан, предложија 25 милиони долари за научно истражување во потрага по лек за коронавирусот.

Поврзани вести

WhatsApp изгуби милиони корисници

Влатко Зорба

Redmi K30 – 5G конекција, quad камера и дисплеј 120Hz

msp-admin

Можеме да ја „исчистиме“ нашата меморија, докажаа научниците

Влатко Зорба