СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пандемијата ја „размрда“ листата со милијардери на „Форбс“

Пандемијата од коронавирусот го смени списокот со милијардери на „Форбс“ и многумина се отстранети од него, но ниту разводот вреден 40 милијарди американски долари не го собори основачот и извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос од првото место веќе трета година по ред.

Безос е на врвот на списокот на „Форбс“ благодарение на неговата нето вредност од 113 милијарди долари, иако е намалена за 18 милијарди долари од минатата година.

Најголемата причина за овој пад е неговиот развод од Мекензи Безос.

Но, акциите на „Амазон“ нагло се зголемија за 15 отсто минатата година, што помогна да се компензираат некои загуби од разводот.

Мекензи Безос првпат се појави на списокот на милијардери ширум светот, благодарение на спогодбата за развод вредена 38 милијарди долари – како дел од спогодбата, таа доби 25 проценти од акциите на „Амазон“, што ја смести на 22-то место на списокот на „Форбс“ на светските богаташи.

Форбс денес го откри 34-тото издание на списокот, но пандемијата придонесе за тоа да се отстранат многумина од списокот.

Во првата половина на март, 226 лица го загубија својот статус на милијардери, а 58 лица се помалку од истиот период минатата година.

Форбс собра на едно место вкупно 2.095 милијардери.

„Од останатите милијардери, 51 процент се посиромашни од лани. Грубо кажано, светските милијардери вредат 8 трилиони долари, што е намалување од 700 милијарди долари од 2019 година“, според Форбс.

Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс е втор во светот со 98 милијарди долари богатство, што е за 1,5 милијарди долари повеќе од минатата година.

Бернард Арно, претседател и извршен директор на луксузната империја LVMH, го смени Ворен Бафет од третото место со богатство од 76 милијарди долари, а Бафет падна на четвртото со 67,5 милијарди долари.

Најбогатата жена во светот и понатаму е наследничката на Волмарт, Алис Волтон – на деветтото место со 54,4 милијарди долари, пренесуваат агенциите.

Поврзани вести

Германија губи 5% од БДП во 2020 година (инфографик)

Влатко Зорба

6G ќе ја замагли линијата помеѓу реалното и виртуелното

msp-admin

Голема глобална битка за контејнери, цените на превозот нагло растат

Влатко Зорба