СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Меркел: Потребни се повеќе капацитети во ЕУ за производство на вакцини

Лидерите на Европската унија ќе разговараат за тоа како да се осигураат дека во Европа ќе се произведуваат што повеќе вакцини, бидејќи проблемите со снабдувањето на блокот се поврзани со недостатоци во производството, а не поради недоволни нарачки, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

„Британските погони произведуваат за Велика Британија и САД и не извезуваат вакцини, па затоа се потпираме на она што можеме да го произведеме во Европа“, им рече таа на германските пратеници пред самитот на лидерите на ЕУ, што треба да започне подоцна во текот на денот.

„Треба да претпоставиме дека вирусот, со своите мутации, ќе нè окупира уште долго време, така што ова прашање ќе не следи долго по оваа година“, додаде таа.

Покрај тоа, треба да се работи повеќе за да се обезбеди снабдување на остатокот од светот со вакцини, бидејќи во спротивно може да се појават нови мутации, од кои некои се отпорни на вакцините, предупреди Меркел, пренесе Ројтерс.

Поврзани вести

За секои 1 милион патници кои патуваат преку еден аеродром, се создаваат 3.000 нови работни места

msp-admin

Средната класа се намалила за 90 милиони луѓе

Влатко Зорба

ММФ со предупредување: Кризата со коронавирусот не е завршена

msp-admin