СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Првата земја што дава ПЛАТЕНО ОТСУСТВО по абортус

Новозеландскиот парламент едногласно усвои закон со кој на паровите кои доживуваат абортус или мртвороденче им се гарантира тридневно платено отсуство.

Работодавачите во Нов Зеланд, како и во некои други земји, веќе имаат обврска да обезбедат платено отсуство во случај на мртвородени деца и кога бременоста ќе се прекине по дваесет или повеќе недели. Новиот закон ја гарантира оваа придобивка на секој што ќе изгуби бременост во кое било време, пренесе „БизЛајф“.

„Чувствував дека жените ќе бидат посигурни ако знаат дека можат да побараат отсуство ако е потребно, наместо смело да продолжат со животот, кога факт е дека им треба време да го преболат физички и психички“, рече Џини Андерсен, лабуристички пратеник во парламентот кој го подготви законот.

Андерсен понатаму изјавува дека никаде во светот не успеала да најде закон сличен на овој.

„Можеби сме прва земја“, рече таа.

Патем, Нов Зеланд го декриминализираше абортусот минатата година, што им овозможи на жените да одлучат до 20-тата недела дали сакаат да имаат дете.

Во Австралија, жените кои губат фетус по 12 недели имаат право на платено отсуство, додека во Велика Британија, идните родители кои доживуваат спонтан абортус по 24 недели имаат право на платено отсуство. Од друга страна, во Америка, законот не бара работодавачот да обезбеди отсуство за секој што ќе доживее спонтан абортус, иако има податоци дека до 20 проценти од познатата бременост во оваа земја завршува со спонтан абортус.

Поврзани вести

Шефовите на Facebook, Google, Apple и Аmazon ги отфрлија обвинувањата за монопол на дигиталниот пазар

msp-admin

Акциите на Фејсбук забележаа рекорден скок

Влатко Зорба

Volkswagen ги засилува амбициите во областа на електричната мобилност

Влатко Зорба