СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Преживеа светски војни, економски кризи и децении на опаѓање на потрошувачката на пиво, но не и коронавирусот

Пиварата Вернек, ос истоимениот град во Баварија, основана во 1617 година, престана да работи поради коронавирусот. Преживеа светски војни, економски кризи и децении на опаѓање на потрошувачката на пиво, но по 400 години постоење, се соочи со предизвик што не може да го надмине.

Оваа мала пиварница, сопственост на истото семејство од 1861 година, отпушти 15 вработени со полно работно време и со скратено работно време и ја прекина локалната традиција во место со 10.000 жители.

Малите пивари првенствено живееле од снабдувањето на кафулиња и, бидејќи кафеаните се затворени, тие веројатно ќе предизвикаат масовно затворање на овие видови на домашни фабрики, што зависеа многу и од одржувањето на локалните фестивали.

Германската влада нареди забраната за масовни собири да се задржи најмалку барем 1 септември, а се проценува дека ќе трае најмалку една година малите пивари да се вратат на ниво на производство и продажба оф пред да избувне пандемијата.

Испораката на пиво и чаши на домашни адреси, исто така, не им помогна.

Кристин Ланг, од семејството на сопственикот на пиварницата во Вернек, рече дека одлуката за затворање е донесена со „многу солзи“.

„Веќе има тешка борба на пазарот за пиво со жестока конкуренција. Никој не знае колку долго ќе трае вирусот, кога ќе се случат подобрувања и дали рестораните ќе се отворат воопшто“, рече таа.

Според истражувањето на германската асоцијација на пиварници, 87 проценти од пиварите го скратуваат работното време, користејќи владина програма што плаќа 60 проценти од нивната нето-плата за време на оваа криза. Но, другите програми, како што е олеснување за добивање заем и одложување на наплатата на даноците, се помалку корисни, велат пиварите.

Холгер Ајхеле, генерален секретар на германското здружение за пивари, рече дека многу пивари нема да ја преживеат оваа криза.

Покрај пиварите кои се фокусирани на рестораните, има многу т.н. занаетчиски пиварници, кои сè уште не се профитабилни и имаат позајмено пари за да го финансираат својот почеток. Овие пиварници придонесуваа во последните години да се зголеми вкупниот број на производители на пиво во Германија на над 1.500.

Главниот извршен директор на пиварницата „Фелде“ кај Хајделберг, Макс Спилман, кој е деветта генерација на истото семејство на местото, проценува дека продажбата ќе се намали за 30-40 проценти во април, мај и јуни.

„Ако продавате 85 отсто пиво на рестораните, тогаш сега имате само 15 проценти од вашите приходи“, рече тој, додавајќи дека имал половина надеж да продава пива по куќи.

Спилман се надева дека кризата ќе ги натера луѓето да ги поддржат своите локални пивари, производители на храна, ресторани и хотели и таквата перспектива ја нарече од комбинација на зборовите глобален и локален „Глокал“.

Поврзани вести

Михаел Солтер, Филип Морис ТКП : Инвестирањето во вистински луѓе е клучно за иднината на компаниите

msp-admin

Акции што никогаш не треба да се продаваат, велат експерти

Влатко Зорба

Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот

msp-admin