СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

НЕОТЕЛ и Гоблин го организираат првиот онлајн турнир во друштвени игри

Во организација на НЕОТЕЛ и Гоблин друштвени игри, на 15, 16 и 17 мај (петок, сабота и недела) со почеток од 19 часот, ќе се одржи првиот онлајн турнир во друштвени игри и брзо редење сложувалки.

Целта е на сите љубители на друштвени игри да им се овозможи забава во периодот додека траат препораките за социјална дистанца. Се што им е потребно за да се вклучат е компјутер и интернет врска.

Турнирот е поделен во 2 категории, друштвени игри и редење на сложувалки. Друштвените игри на турнирот ќе се играат на Boardgamearena се Quoridor, Takenoko и Can’t Stop. Натпреварите пак во брзо редење на сложувалки ќе одржат на Jigsawplanet.

Повеќе податоци за турнирите и начинот на пријавување може да пронајдете на веб-страницата на настанот.

За најдобрите во секој од натпреварите ќе има и пригодни награди.

#ОстаниДома #ОстаниЗдрав #ИграјОнлајн #СекојПредСвојКомпјутер

Поврзани вести

Русија од 1 април ги обновува летовите со шест земји

Влатко Зорба

Димитријоски: 4Г зрачи повеќе од 5Г

msp-admin

Microsoft: Треба да се осигураме дека нашите деловни модели не ја ослабуваат моќта на самата демократија

msp-admin