СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Твитер“ размислува за воведување претплата

Поради падот на приходот, компанијата „Твитер“ размислува за воведување нови начини на заработка, а една од нив би можела да биде опцијата да се претплатите за одредени делови од услугата.

Имено, во вториот квартал од оваа година приходите од реклами на „Твитер“ се намалија за една четвртина во однос на истиот период лани, односно на 562 милиони долари. Значи, и покрај големото зголемување на бројот на корисници за време на пандемијата, оперативната загуба на компанијата изнесуваше 124 милиони долари.

Затоа извршниот директор на „Твитер“, Џек Дорси им рече на инвеститорите дека тој веројатно ќе започне „тестови за претплата“ оваа година, иако забележа дека стандардите за наплата на одредени делови од услугата ќе бидат многу високи.

Поврзани вести

Square стекна мнозински удел во компанија на Џеј Зи

Влатко Зорба

ЕУ плаќа повисоки сметки за струја, Македонија ја очекува одлуката следната недела

msp-admin

Qualcomm отвора нов 5G центар за истражување и развој во Франција

Влатко Зорба