СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Берат сливи и заработуваат по 45 евра на ден

Бербата на сливи во Босна и Херцеговина е во полн ек, а најголем дел од рокот е планиран за извоз во земјите од Европската унија. Берачите на сливи можат да заработат и до 45 евра дневно, пишува Klix.ba.

Семејството Турсиновиќ со одгледување, откуп, преработка и извоз на овошје се занимава веќе 29 години, а на прво место им се сливите. Имаат 36 кооперанти кои на 100 хектари имаат садници од сливи. Годишно откупуваат околу 5.000 тони овошје, што најмногу се извезува на западните пазари во свежа форма.

На 10 хектари земји, семејството има насади од сливи, каде во овој момент има над 100 берачи кои на работа доаѓаа во седум часот наутро, а си заминуваат во 17 часот, им се плаќа по учинок, а дневно може да заработат меѓу 35 и 45 евра. Берачите дневно може да наберат и до 130 гајби, што е скоро 800 килограми.

Поврзани вести

Ништо од фабриката „Фолксваген“ во Турција

msp-admin

Италија планира „замрзнување“ на обврските за плаќање сметки, даноци и хипотеки

msp-admin

Google и ЕУ ќе се објаснуваат на суд за улогата на компанијата во Интернет просторот

msp-admin