31.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кој е првиот човек во историјата со богатство поголемо од 200 милијарди долари?

Првиот човек на Амазон, Џеф Безос е првиот човек во историјата кој имал богатство од повеќе од 200 милијарди американски долари.

Според индексот на милијардери на Блумберг, Безос сега има средства од 202 милијарди долари, што го прави побогат за 78 милијарди долари од Бил Гејтс, ко-основачот на „Мајкрософт“ и е втор на листата на најбогати луѓе во светот, пишуваат медиумите.

Богатството на Безос е главно удел во акциите на компанијата, чија цена постојано расте изминатите години, особено во изминатите две години, пренесува Блумберг.

Амазон зад Епл

Тој стана најбогат човек во модерната историја во 2018 година, а неговото богатство тогаш беше проценето на 150 милијарди долари.

Акциите на „Амазон“ достигна највисоко ниво на финансискиот пазар во април годинава, компанијата заработи стотици милијарди долари, а инвеститорите годинава остварија профит од 86 проценти од инвестициите во компанијата Безос.

Амазон вредел 1,7 трилиони долари на вчерашниот пазар и станал втората највредна американска компанија после „Епл“.

Поврзани вести

Кина му објави војна на својот најбогат граѓанин

Никола Поповски

ЕИБ инвестирала 873 милиони евра во Западен Балкан во 2020 година

Влатко Зорба

Олеснети услови за пристап до кредитите од Развојната банка за малите и средни претпријатија

msp-admin