СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Возилото за на Месечината на „Тојота“ ќе се вика Lunar Cruiser (ВИДЕО)

Јапонската вселенска агенција „Јакса“ соработува со „Тојота“ веќе неколку години на производство на ровери за превоз на луѓе за време на експедициите што ќе се одржат на Месечината. Неодамна двете компании објавија дека се согласиле специјалното возило долго шест метри и високо 3,8 метри, кое ќе се движи со помош на шест огромни тркала, ќе се нарече lunar cruiser.

Името lunar cruiser е избрано токму заради добро познатата врска со легендарниот џип land crusier на „Тојота“. Големиот џип отсекогаш бил симбол на издржливост, а оваа одлика е многу важна за идното возило, кое ќе се движи низ многу тежок терен во тешките услови на Месечината.

Планот е да се претстави конечната верзија на роверот lunar cruiser до крајот на оваа година. Станува збор за возило во должина од шест метри, ширина од 5,2 метри и висина од 3,8 метри, кое ќе користи горивни ќелии како погон, со цел да испушти исклучиво водена пареа и вишок воздух на Месечината.

Во кабината, со димензии 13 квадратни метри, ќе може да се сместат две лица (четири во итни случаи).

Ова возило со екипажот ќе има многу важна улога во истражувањето на Месечината, а планираното лансирање на големиот ровер на пат е во 2029 година.

Ако досега не сте виделе како ќе изгледа lunar cruiser во движење, погледнете го видеото.

Поврзани вести

Signal изгрева за сметка на WhatsApp

Влатко Зорба

Како изгледа одвнатре Huawei Mate 30 Pro? (ВИДЕО)

msp-admin

Детали за камерите во серијата Samsung Galaxy S20

msp-admin