СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Европејците ѝ вртат грб на готовината поради страв од Ковид-19

Потрошувачите во еврозоната плаќаат повеќе со картички отколку со готовина од почетокот на пандемијата и имаат намера да ја продолжат таа практика, покажува истражувањето на ЕЦБ.

Пандемијата го забрза постојниот, иако постепен, тренд на напуштање на готовината, со нови начини на бесконтактно плаќање преку картички, телефони, па дури и часовници кои стануваат сè попопуларни.

Околу 40 проценти од испитаниците, од 17.779 учесници во истражувањето на ЕЦБ спроведено во јули, изјавиле дека користеле помалку пари од почетокот на пандемијата, а 87 проценти од нив имаат намера да ја задржат практиката дури и по завршувањето на пандемијата.

Најчестите причини за тоа се олеснето електронско плаќање во малопродажбата и страв од инфекција при контакт со банкноти.

Од зараза со Ковид-19 преку парите најмногу стравуваат Шпанците и Португалците, а најмалку Естонците, Австријците и Словенците.

Поврзани вести

Бислимоски: Следната недела ќе се знае новата цена на струјата, приходите на државните енергетски компании намалени

НБ: Финансискиот систем лани успешно одговори на корона-кризата

Влатко Зорба

Дали угостителите ќе работат и по 22 часот, Комисијата за здравство ќе одлучи