16.8 C
Скопје
30 септември, 2026
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Собранието го изгласа Законот за финансиска поддршка: Познато е кои граѓани ќе добијат по 6000 денари

Законот за финансиска поддршка на ранливите категории граѓани од шест илјади денари беше изгласан во Собранието на денешната пленарна седница. Со ова граѓаните конечно добиваат по шест илјади денари за купување македонски производи.

Освен самохраните родители со Законот за финансиска поддршка по шест илјади денари треба да добијат и пензионерите со месечна пензија до 15 илјади денари, невработените кои не бараат работа или пасивните невработени. Потоа, самохраните родители, естрадни уметници и филмски работници, ученици од основно и средно училиште од социјално ранливи семејства, децата без родители. Граѓаните имаат рок до 25 месецов да ги потрошат парите за купување на домашни производи.

Поврзани вести

С.Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи на „Херитиџ“

Влатко Зорба

ХОТАМ: Затворањето ќе ги зголеми и така големите штети што ги претрпува овој сектор

Влатко Зорба

Следната година македонската економија ќе се врати на ниво како пред пандемијата

Влатко Зорба