СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Мајстор за попусти во јануари: За 129 евра купила облека за нејзината ќерка и за себе за цела година

Сите сакаме добри попусти, но Каролин Смарт направи уметност од нив. 25-годишната мајка решила максимално да ги искористи попустите во јануари.

За само 115 фунти (129 евра), Каролин купи облека за целата година за себе и за нејзината ќерка Амбер-Меј. Од костуми за Ноќта на вештерките, преку нови божиќни џемпери и бикини, сè влегува во таа сума, пишува The Sun.

Мајката од Харфилд, Англија, која во моментов е невработена, вели дека пандемијата ја научила дека е поважно од кога било да се купува однапред и да се користат попустите.

– Купив за ќерка ми (1) и мене шушкави елеци за по 11 евра, четири бебешки боди кои беа намалени од 11 на 2,25 евра и јас три летни фустани за по 3,3 евра.

– Купив гумени чизми на Интернет за 30 евра, а патики за Амбер-Меј за една бројка поголеми. Им платив околу 22 евра – рече таа.

Каролин дури успеа да најде неколку дизајнерски парчиња за себе.

– Минатата година најдов торба на Мајкл Корс за 14 фунти (околу 16 евра), а исто така најдов хеланки на Холистер за 12 фунти (околу 14 евра), намалени за 30 фунти.

Како што вели, шопингот за неа е како спорт.

– Штом победите, тоа е најдоброто чувство на светот. Така се чувствувам кога наоѓам супер ефтини примероци што никој друг не ги забележал. Кога одам на таков начин да купувам, тоа е количина на работа, како да правиме смена од девет до 17 часот. Поминав девет часа во шопинг – вели таа.

Јануарските попусти се голем предизвик за неа, но како што вели, таа е мирна барем до крајот на годината. Вели дека отсекогаш обожувала попусти, но овој вид шопинг станал клучен кога останала без работа.

– Поради короната, јас сум невработена, инаку работев на рецепција. Во моментов се обидувам да започнам сопствен бизнис, но тоа не е лесно. Бидејќи иднината е толку неизвесна, сакав јас и ќерка ми да имаме сè што ни треба, па дури и по половина од цената – објасни таа.

Поврзани вести

Како да знаете дали вашата инвестиција ќе се исплати?

Влатко Зорба

Две златни медали за Винарија Камник на светски вински натпревари

Брисел на чекор од воведувањ на ковид пасош

Влатко Зорба