СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија (КХВ) на итна седница со која претседаваше Претседателот Нора Алити, поради измамнички и манипулативни дејствија донесе Решение со кое трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, чиј управител е Виктор Мисовски.

Комисијата трајно му ја одзема дозволата за работење и на лицето Дејан Делимитов, кој е овластен инвестиционен советник во друштвото.

Имено, управителот на Друштвото Виктор Мисовски противзаконски преправал оригинална исправа и таквата исправа ја употребувал како вистинска, со што има основано сомневање дека сторил кривично дело фалсификување на исправа. Истовремено, друштвото не ја одржувало основната главнина и потребните ликвидни средства во секое време, што е негова обврска согласно член 149 од Законот за хартии од вредност. Исто така, друштвото склучувало договори за непосредно управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент за што нема дозвола од Комисијата, со што го прекршило член 172 од Законот за хартии од вредност и се вклучило во активности со кои ги доведувало во заблуда клиентите или пак имаат за цел нивна измама.

Со цел да му се оневозможи на Друштвото да прима нови уплати на парични средства, како и заради заштита на правата и на правните интереси на клиентите со веќе склучени договори, Комисијата за хартии од вредност на денешната седница на 26 февруари, 2021 година, донесе и Решение за замрзнување на парични средства на сметките на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје во банките и во другите финансиски институции.

За утврдените злоупотреби извршени од Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје Комисијата ги извести другите надлежни органи.

Со трајното одземање на дозволата за работа Ј.К.Морган и Велтх ДООЕЛ Скопје несмее да ги извршува сите услуги за кои има добиено дозвола од КХВ, поради што Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент ДООЕЛ Скопје, Комисијата го избриша од Регистарот на Друштва за инвестиционо советување, кој го води на својата веб страна, соопштија оттаму.

Поврзани вести

Рускиот министер за енергија: Повисоки цени на нафтата не треба да се очекуваат наскоро

Stefanija Kuzmanovska

Економскиот раст во С. Македонија ќе забрза во 2020 година

Влатко Зорба

Тунтев: Поради Ковид-19 двојно помалку патници на аеродормите на годишно ниво