СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефот на „Џеј Пи Морган“: Работата од дома несоодветна за младите

Работата од далечина не е погодна за младите, ниту за оние кои се стремат кон напредок и развој, рече извршниот директор на банкарската група „Џеј Пи Морган“, Џејми Дајмон, на состанокот на извршни директори на „Волстрит журнал“ што се одржа во Њујорк.

„Тој формат не е добар за оние кои сакаат да напредуваат, тој не промовира спонтано раѓање на идеи или корпоративна култура“, рече Дајмон.

Додаде дека, имајќи го предвид намалувањето на ограничувањата заради коронавирусот во Њујорк, тој има намера да започне со враќање на вработените во канцеларијата од 17 мај, најпрво неколку дена во неделата.

„Во септември или октомври, според мое мислење, сè ќе биде како порано и сите ќе бидат задоволни со тоа“, оцени тој.

Шефот на на „Џеј Пи Морган“ истакна дека не сите вработени се воодушевени од плановите да се вратат во канцеларијата, но, според неговите зборови, „таков е животот“. Тој верува дека банката ќе биде поуспешна доколку се врати на полно работно време.

Во понеделникот, гувернерот на Њујорк Ендру Куомо објави дека државните ограничувања за бројот на луѓе во просториите или на настаните ќе бидат укинати на 19-ти мај. Исклучок се големите спортски арени.

Ова всушност значи можност да се вратиме во форматот на работа што постоел пред пандемијата.

Поврзани вести

Најскапото деби на Лондонската берза во последната деценија: Deliveroo бара проценка од 12 милијарди долари

Влатко Зорба

Рускиот гас од Арктикот продаден 20 години однапред

Влатко Зорба

Во петок, започнува со работа „Скопје Сити Мол“: Со највисоки светски стандарди фокусирани за безбедноста на здравјето на посетителите