Манекенката и бившата учесничка во „Задруга“ Тара Симов доби син. Таа вчера се породи во Дедиње, со царски рез ѝ напиша дека е горда мајка. На Тара Симов и Данило Раичевиќ ова им е прво дете.
„Нашиот најубав син“, напиша Тара на „Инстаграм.
„Бебето веќе еден час ми скока на стомак, а јас сум малку поспана. Ова е последен пат да се јавам во живо, во шест и пол ќе се породам. Оќелавев од бременоста. По породувањето ќе бидам хендикепирана еден месец. Нема да можам да го правам тоа што сакам. Закрепнувањето од царски рез трае долго, но ќе ми биде убаво за еден месец кога ќе закрепнам. Чувството кога ќе го видам моето дете, е нешто што не можам да го објаснам“, рече Тара и додаде дека не се плаши од породувањето и дека едвај чека да се случи.
„По породувањето ќе останам на 40 килограми. Имам проблем со срцето, пијам лекови, само ми се спие, не можам да седам. Со сопругот сме во одлични односи и го оставам да прави што сака“, рече Тара.