СТАНДАРД life
Шоубиз

Се појавија шокантни тврдења за здравствената состојба на Мадона: Пејачката оживеала со лекови за предозирање

Познатата пејачка Мадона беше пронајдена во несвест на 24 јуни.

Како што објавија медиумите, таа била пронајдена во несвест од нејзината ќерка, по што пејачката била хоспитализирана.

Во меѓувреме, менаџерот на Мадона објави дека причина за нејзината состојба е бактериска инфекција, а пејачката се онесвестила откако напорно вежбала и се подготвувала за настапи, без одмор.

Кралицата на попот по неколку дена излезе од болница и сега е на домашно лекување, а за сето ова странските медиуми дојдоа до нови информации. Имено, како што пренесува „Радар онлајн“, Мадона наводно оживеала со наркан – инјекција која се дава откако некој ќе се предозира.

Изворот на споменатиот медиум вели дека на пејачката веднаш откако ја нашле во несвест и била дадена инекција наркан, а потоа била префрлена во болница. Сепак, претставниците на пејачката за медиумите и членовите на нејзиното семејство не ги коментираа овие тврдења, ниту пак самата Мадона.

Наркан е инекција која исто така се смета за корисна за зголемување на крвниот притисок при третман на септичен шок. Засега нема докази дека на Мадона навистина и била потребна оваа инекција, ниту дека пејачката навистина користела психоактивни супстанции.

Потсетуваме, пејачката Деми Ловато своевремено отворено проговори за тоа дека наркан ја спасил кога се предозирала со наркотици додека била со пријателите во станот.

Поврзани вести

Емили Блант за улогата што ја одби и поради која изгуби 80 милиони долари: „Најдобрата девојка ја доби“

Urednik

Настасја Кински беше филмска ѕвезда од 80-тите: Еве како изгледа денес (ФОТО)

Radmila Tasevska

📷Објавени нови фотографии на Хоакин Феникс и Лејди Гага од сетот на вториот дел на Џокер

Urednik