СТАНДАРД life
This mage released by Warner Bros. Pictures shows Margot Robbie in a scene from "Barbie." (Warner Bros. Pictures via AP)
Шоубиз

Откриена вртоглавата сума која Марго Роби ја доби за улогата во филмот „Барби“

Вкупната заработка во првата недела од прикажувањето се очекува да биде околу 100 милиони долари.

Филмот „Барби“ излезе пред неколку дена, а на благајните на американското кино веќе собра вртоглави 22,3 милиони долари.

Така го надмина претходниот рекорд од 17,5 милиони долари, кој го држеше остварувањето „Чувари на галаксијата 3“.

Иако се знаеше дека Марго Роби и Рајан Гослинг се добро платени за работата на филмот „Барби“, сега е откриена точната сума што ја добила австралиската актерка.

Како што дознава весникот „Варајети“, Марго за „Барби“ добила неверојатни 12,5 милиони долари.

Да потсетиме дека Роби беше најплатената актерка во 2022 година благодарение на филмот на Грета Гервиг, а хонорарот ја надмина нејзината претходна најголема заработка од десет милиони долари за блокбастерот „Птици грабливки“ од 2020 година.

Поврзани вести

📷Транс жена го украде центарот на вниманието на доделувањето на наградите „Златен глобус“

Urednik

📸 По гласините за раскинување, Том Брејди и Ирина Шајк забележани во автомобил и на приватна забава

Radmila Tasevska

Голем чекор за Бред Пит: Многумина беа изненадени како и се обрати на својата фатална Инес…

Urednik