СТАНДАРД life
Балкан микс

Фолк ѕвездата ја распродаде загребска Арена: „Не можам да кажам дека сум изненадена“

Само два месеци по објавувањето на концертот, фолк ѕвездата Александра Пријовиќ ја распродаде загребската Арена. Билетите за нејзиниот концерт на 1 декември повеќе не се достапни. Фолкерката не е изненадена од брзањето кон картите.

„Една голема благодарност до моите фанови, мојата верна публика! Ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата и љубовта што ми ја покажавте. Бидете уверени дека никој нема да зажали што купил билет. Не можам да кажам дека сум изненадена, можам да кажам само големо благодарам, нема да ве изневерам! Знаете дека не сакам да најавувам спектакли, но верувајте дека ќе биде ноќ за паметење за сите нас. Уште малку и ќе се видиме, едвај чекам“, изјави Пријовиќ за Екстра ФМ.

Да потсетиме, кога билетите беа пуштени во продажба, за само 24 часа од најавата на концертот беа продадени повеќе од три илјади билети, што досега на никој на нејзина возраст не му успеало. Пријовиќ на 27 години стана најмладиот рекордер во продажба на билети во Арената.

Поврзани вести

Кога ќе го дознаете вистинското занимање на Здравко Чолиќ, ќе се зачудите

Urednik

Карлеуша закажа датум и рече: „Сите сте поканети, јас честам“!

Urednik

Тика Станиќ: Пиев уште од рано детство, дневно и до 2 литри жестоко

Urednik