СТАНДАРД life
Балкан микс

„НОНСТОП МЕ ТЕПАА“: Искрена исповед на Сергеј Четковиќ, сега е особено слаб кон ќерките

Сергеј Четковиќ отсекогаш се трудел да ја задржи приватноста за себе, а на промоцијата на албумот „Видимо се после“ на Бранко Копривица зборуваше за своите деца и сопругата.

Четковиќ најпрвин објасни дали денес е тешко да останете доследни на себе и да се занимавате со квалитетна музика.

– Не е тешко да се занимаваш со квалитетна музика. Особено кога човек е на вистинскиот пат. Држам до себе и до мојата музика. Не дозволувам времето да ме промени. Јас се држам до моето. Не би менувал ништо. Би се држел исклучиво до себе и настрана скандали. Нормално, строго внимавам што ќе кажам пред камерите. Кога го работите овој бизнис, мора да го имате на ум тоа.

Сергеј зборуваше и за својот приватен живот.

– На децата сум најслаб, сигурно тие ми се Ахилова пета. Како-кога. Од ситуација до ситуација. Сум повторил многу пати досега, времето поминато во воспитување на нашите деца и сите работи со кои не оптоваруваат е огромна борба. Треба да ги заштитите. Тешко е, но ако слушате и се грижите за нив, ќе успеете. Моделот по кој сум воспитан се трудам да им го пренесам. Додуша не баш идентично затоа што ме тепаа нонстоп. Бев многу, многу непослушен. Моето детство е многу различно од нивното. Телефоните одземаат многу енергија од нив денес. Сепак, пораснавме со некои поквалитетни филмови. Жал ми е што не го користат својот мозок.

-Мојата сопруга неодамна почна да се појавува во јавноста, иако е на мислење дека не се појавува. На публиката и го дадов животот преку музиката, треба да оставам нешто за себе. Во ова сум успешен веќе 25 години – вели Сергеј.

Поврзани вести

Искршен локалот на Миа Борисављевиќ

Radmila Tasevska

Таировиќ на пресот во Скопје: Многу сум приврзана за публиката во Македонија

Urednik

Скандал за песната „Македонско девојче“: Рада Манојловиќ се огласи по обвинувањата дека вметнала вулгарен збор во текстот

Urednik