СТАНДАРД life
Балкан микс

Жељко Јоксимовиќ објавува нова песна по три години

Омилениот поп пејач од регионот Жељко Јоксимовиќ конечно ја завршува својата музичка пауза.

Како што најави на својот Инстаграм профил, во недела навечер ќе пристигне новата песна со наслов „1000 жени“, која ветува дека ќе биде уште една во низата големи хитови на Жељко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Joksimovic (@zzeljko)

Верните фанови и публиката се надеваат дека ова е првиот сингл од долгоочекуваниот албум кој музичарот би можел да го објави во текот на следната година. Секоја песна на Жељко секогаш е придружена со спотови од највисоко естетско и продукциско ниво, талентираниот музичар овојпат ќе подготви вистински новогодишен подарок за својата верна публика.

Последниот сингл „Можеби тоа е љубов“ го издаде Жељко Јоксимовиќ во 2019 година. Иако не објавува постојано, вели дека секојдневно компонира и пишува песни, но и применета музика која ги одбележа најголемите проекти на српската кинематографија. Најгледаниот домашен филм „Тома“, на кој Јоксимовиќ е и продуцент, го одбележаа новите аранжмани на легендарните хитови на Тома Здравковиќ, како и хитот „Полноќ“ кој Жељко специјално го компонираше за овој филм.

Поврзани вести

„Се срамев“: Сандра Африка откри како го добила прекарот

Radmila Tasevska

Северина искрено за синот: „Знае дека сум некој, но не знае кој точно“

Urednik

Пријовиќ откри што и кажала Розга кога ја повикалa да гостува на концертот во Арена

Radmila Tasevska