СТАНДАРД life
Шоубиз

Кејт Мидлтон покажа дека е подготвена за нова функција

Кејт Мидлтон имаше уште едно деби како принцеза, појавувајќи се за прв пат во улогата на врховен полковник на „Queen’s Dragoon Guards“, која и беше доделена од кралот Чарлс III во текот на летото.

Како што сме навикнати од неа, принцезата од Велс целосно се потопи во улогата и за време на посетата облече маскирна јакна и кацига и почна да вози тенк.

Токму оваа активност е специјалност на единицата, која е ориентирана пред се на извидување на територијата. Низ историјата тие се движеле низ светот, а последен пат биле распоредени во Мали како дел од мировната операција.

Кејт ја носеше својата униформа преку долчевита и блејзер кои едвај се гледаа одоздола, како и тесни црни панталони и полувисоки чизми. Тука беше и неизбежниот детаљ на црвениот афион, кој се носи во Британија во ноември од 1921 година како симбол на сеќавање на жртвите од Првата светска војна.

Покрај обидот да вози тенк, таа го набљудуваше начинот на кој тимовите комуницираат, дозна за нивната употреба на извиднички дронови и се сретна со голем број членови на тимот, уште еднаш покажувајќи ја својата топлина и пријателство.

Поврзани вести

📸 Сем Смит ужива во романтична прошетка со своето момче пред Денот на вљубените

Radmila Tasevska

Кристин Дејвис за женскиот изглед: „Ако немаш 30 години, не треба да изгледаш така!“

Urednik

Поради оваа изјава, фановите се убедени дека Адел се омажила во тајност

Urednik