СТАНДАРД life
14.02.2022., Zagreb - Portreti Danijele Martinovic. Photo: Emica Elvedji/PIXSELL
Балкан микс

„Не наседнувајте на тоа“: Данијела Мартиновиќ била жртва на измама, па објави важна порака (ФОТО)

Пејачката Данијела Мартиновиќ на социјалните мрежи објави дека е жртва на кражба на идентитет.

Имено, како што објави преку Инстаграм, одредени компании го користат нејзиното име за да ги рекламираат своите производи, а пејачката упати апел до луѓето да не веруваат во овие реклами и нагласи дека таа нема никаква врска со тоа.

„Не наседнувајте на лажни огласи во кои рекламираат медицински препарати користејќи го мојот лик, име и презиме. Твоја Данијела“, напиша Мартиновиќ.

Иако не прецизираше точно за кои фирми и огласи станува збор, таа јасно стави до знаење дека не стои зад никакви кампањи, а луѓето и се заблагодарија во коментарите и ја поддржаа.

Дополнително, Мартиновиќ не е единствената јавна личност на која и се случило вакво нешто, а на кражба на идентитет се пожалиле и Нина Бадриќ, Драгана Мирковиќ и други јавни личности.

Поврзани вести

📸Беквалац одговори на лавината коментари за нејзиниот изглед: „Ние не сме само гради и задници“

Urednik

Ѕвездата на „Јужен ветер“ ја спореди сопругата со Моника Белучи!

Urednik

Ана Руцнер го промени својот изглед – Таа веќе не е црна, погледнете како изгледа сега

Radmila Tasevska