СТАНДАРД life
Здравје

Диететичарите предложија храна која треба да ја јадеме наутро доколку сакаме да ослабеме

Сите добро знаеме колку е важна храната што ја консумираме за одржување на нашето здравје.

Постојат студии кои докажуваат дека внесувањето на одредени намирници може да го поттикне ослободувањето од вишокот килограми. Една од овие намирници е особено ефикасна доколку се консумира наутро, тоа се јајцата.

Според Medical News Today, јадењето јајца може да промовира губење на тежината, особено ако некое лице ги вклучи во диета контролирана со калории.

Истражувањата покажуваат дека јајцата ја стимулираат метаболичката активност и го зголемуваат чувството на ситост, а појадокот базиран на јајца може да го спречи човекот да се прејадува во текот на денот, односно да внесува дополнителни калории.

Диететичарите нагласуваат дека јајцата содржат големи количини на протеини и имаат многу малку калории. Тие можат да промовираат губење на тежината ако се консумираат како дел од разновидна исхрана и се јадат без додадени масти или шеќер, пренесува Index.hr.

Поврзани вести

Најчестите виновници за непроспиените ноќи: Оваа храна не треба да ја јадеме пред спиење

Radmila Tasevska

Ова е најлошата храна за нашите заби

Urednik

Како зачинетата храна влијае на нашето тело?

Radmila Tasevska