СТАНДАРД life
Храна

Предлог за ручек кој е фантастично гурманско јадење

Пилешкото месо во сос од мед и лук е одлична идеја за вкусен и брз ручек.

Потребни состојки:

– 700 гр. пилешки гради

– 2 лажици масло за јадење

– 3 лажици мед

– 3 лажици соја сос

– 3 чешниња лук

– сол и црн бибер

– сусам, кикирики, магдонос (по желба)

Начин на подготовка:

1. Загрејте го маслото за јадење во подлабока тава на среден оган.

2. Исечкајте го пилешкото месо на коцки и додајте сол и бибер, но внимавајте бидејќи соја сосот е доволно солен. Пржете 5 минути од сите страни.

3. Направете ја глазурата: во еден сад измешајте го медот, соја сосот, ситно исечканиот лук и по желба малку лута пиперка.

4. Ставете ја смесата во тавата и добро промешајте за да ги обложи парчињата пилешко. Гответе уште 4-5 минути.

5. Послужете со варен ориз, пире или динстан зеленчук и по желба посипете со сусам, издробени кикирики и магдонос.

Поврзани вести

Рижото со печурки, пармезан и вино

Radmila Tasevska

Фереро бомбици – направете ги највкусните мали топчиња дома

Radmila Tasevska

ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА: Совршени тестенини со тиквички за топлите летни денови

Urednik