СТАНДАРД life
Шоубиз

Кајли Џенер зажали за пластичните операции, вклучително и за зголемувањето на градите

Кајли Џенер и открила на својата пријателка Стејси Караниколау дека се каела што правела пластични операции пред да се роди Сторми.

Зборувајќи со блиската пријателка во новата епизода од реалити серијата „The Kardashians“, Џенер зборуваше за нејзината историја на пластични операции.

Џенер ја роди Сторми (5) кога имаше 20 години. Кајли неодамна откри дека ги средила градите пред да забремени. Во разговор со Караниколау, таа го опишува своето каење за операцијата.

„Посакувам никогаш да не го направев тоа. Препорачувам секој што размислува за тоа да почека до породувањето“, рече Кајли. Во еден момент таа откри дека ќе и се „скрши срцето“ доколку Сторми сака да направи пластична операција кога ќе наполни 19 години, како што тоа го направила таа.

Во минатонеделната епизода, Џенер негираше дека имала операција на целото лице.

„Секогаш се сеќавам дека бев најсигурното дете во собата. Отсекогаш сум се сакала – сè уште се сакам – и една од најголемите заблуди за мене е дека бев несигурно дете и имав толку многу операции за да го сменам целото лице, што е лага, само ставив филери“.

За време на интервјуто признала и дека била жртва на прекумерно уредување фотографии: „Ја поминав таа фаза,  сега се чувствувам подобро“.

Таа објасни дека колку и да сте самоуверени, „другите луѓе сепак можат да ви всадат несигурност“.

Поврзани вести

Принцот Хари стана бездомник во својата татковина: По средбата со неговиот татко, тој отишол во хотелот

Radmila Tasevska

Еве каков потег направи Џастин Тимберлејк по признанието за абортус на Бритни Спирс

Radmila Tasevska

Килијан Марфи откри зошто не сака мобилни телефони: Во мојата куќа нема интернет

Radmila Tasevska