СТАНДАРД life
Секс и врски

Две особини што ги имаат само најдобрите љубовници

Колку често водиме љубов има врска и со тоа какви луѓе сме, а неодамнешно истражување открива дека луѓето кои имаат две специфични карактерни линии го имаат и најбогатиот сексуален живот.

Во истражувањето учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 слободни мажи.

Учесниците морале да одговорат голем број на тестови за да се утврди поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањето кое има за цел да му помага на другиот, за кое не се очекува некој вид на награда од другиот, со тоа колку некој има успех во љубовта, односно врските и сексуалниот живот.

Истражувањето покажало дека добрите и несебични луѓе имаат најсреќен сексуален живот, односно водат љубов повеќе од другите луѓе и дека се најмногу задоволни со својот сексуален живот.

Кај машките испитаници, тоа вклучува и поголем број на партнерки за необврзувачки секс. Истражувањето не одговори на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, резултатите добиени сè уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплаќаат.

Дека добрината и несебичноста се привлечни особини и во сексуален смисол, е видливо и во историјата, поточно од времето на ловечко-собирачкото општество, кога мажите, кои својот плен великодушно го делеле со целото племе, биле најпривлечни животни партнери.

Поврзани вести

Жени откриваат: Мажите со овие особини се најдобри во кревет

Urednik

Што се случува во мозокот кога ќе се заљубите?

Urednik

Како да препознаете емотивно неверство: 5 модели на однесување за кои можеби не сме ни свесни

Urednik