31.8 C
Скопје
18 септември, 2026
СТАНДАРД life
Храна

Сочен колач со прелив од портокал

Неверојатно сочен и вкусен колач …

СОСТОЈКИ:

* 3 јајца
* 200 мл јогурт
* 10 лажици гриз
* 10 лажици брашно
* 5 лажици шеќер за тестото
* 200 гр шеќерен сируп
* 100 гр суво грозје
* 50 мл масло
* 1 прашок за печиво
* 100 гр мелени ореви
* сок и кора од портокал

ПОДГОТОВКА:

Изматете јајца со 5 лажици шеќер, додајте гриз и брашно со прашок за печиво, кора од портокал, суво грозје, масло и мелени ореви.

Сè добро изедначете. Може од горе да ставите малку сечкани ореви. Печете на 180-190 степени 30 минути да порумени.

Во тенџере ставете 200 гр шеќер, 200 мл вода и исцедете 1 портокал, додајте 1 ванилин шеќер, оставете неколку минути да врие па врелиот колач прелијте го и оставете го да впие.

Уживајте!

Поврзани вести

Никогаш не фрлајте конзервирано рибино масло: Дури и познатите готвачи го користат поради оваа причина

Radmila Tasevska

Грчки компири: трик-рецепт за печено совршенство со лимон и лук

Urednik

Посно шарено рижото, идеја за вкусен ручек

Radmila Tasevska