СТАНДАРД life
Шоубиз

Времето лета: Кели од „Беверли „Хилс“ позираше со ќерките

Светската турнеја „Eras“ на Тејлор Свифт продолжува во полн ек, а музичарката додаде уште шест датуми на северноамериканската етапа на турнејата. Многубројни познати фаци се пофалија дека одат на нејзини концерти, а славната Кели од „Беверли Хилс“, актерката Џени Гарт, настапот во Лос Анџелес го искористи за мала семејна дружба.

Познатата русокоса со ќерките била на забавата која се одржала пред концертот, а не попуштила ниту за време на 3,5-часовниот настап на денешната поп-кралица. Таа на својот Инстаграм профил сподели дел од семејната дружба и атмосфера од концертот.

Во октомври, актерката откри дека нејзината средна ќерка Лола (21) и е дијагностициран артритис.

„Таа всушност имаше редок вид на воспалителен артритис наречен Стил-ова болест. Гледањето на ќерка ми како страда беше една од најтешките работи низ кои морав да поминам“, изјави актерката, која и самата имаше своја битка со артритисот, кој го откри дури на 45-годишна возраст.

Состојбата на нејзината ќерка Лола станала толку лоша што морала да биде хоспитализирана.

„Тоа беше дефинитивно тешко време за целото наше семејство. Таа беше во болница неколку дена“, откри Гарт.

Пред две години таа зборуваше за списанието People за одгледување три ќерки кои повеќе не се девојчиња.

„Тоа е лудост, мислиш дека е тешко кога се млади, трчаат наоколу и ти го одземаат цело време. Но, кога ќе станат тинејџери, а особено подоцна млади жени, тоа е сосема поинаку. Дефинитивно не е за оние со слабо срце“, вели Гарт.

Актерката ги дели своите три ќерки со нејзиниот поранешен сопруг, актерот Питер Фачинели.

Поврзани вести

Дуа Липа: Поради моето искуство со Косово, разбирам низ што минуваат луѓето во Газа

Radmila Tasevska

(ФОТО)Ролинг Стоунс најавија албум преку оглас во весник?

Urednik

Софија Вергара го покажа гардероберот, вниманието го украде коментарот на колегата од „Модерното семејство“ (ФОТО)

Radmila Tasevska