СТАНДАРД life
Шоубиз

Познати првите резултати од обдукцијата на Метју Пери!

Метју Пери не починал од предозирање со фентанил или метамфетамин, пренесува TMZ!

Станува збор за две тешки дроги – фентанил се нарекува дрога „зомби“ која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.

Првите обдукциски тестови покажаа дека славниот Чендлер од „Пријатели“ немал ниту една од овие дроги во својот систем.

Сепак, TMZ! вели дека е важно да се забележи дека сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсикологијата за да се анализира дали има други нелегални супстанци во неговата крв и дали нивото на лековите на рецепт биле во штетни дози.

За тие резултати веројатно ќе бидат потребни 4 до 6 месеци, а кога ќе се соберат сите тие податоци, вештакот ќе ги утврди причината и начинот на смртта.

Поврзани вести

Поранешната девојка на Метју Пери: „Не можел така да се удави“

Urednik

Бритни Спирс: Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија

Radmila Tasevska

Адел го откри полот на бебето на нејзини фанови: „Се надевам дека и вие ќе ми направите услуга еден ден“

Urednik