СТАНДАРД life
Стил

📷Брижит Макрон им пркоси на сите: Носи кожени панталони и гломазни чизми до глужд подобро од другите

Малкумина можат да успеат да носат кожени панталони и донекаде гломазни чизми до глужд со толкав стил како секогаш добро облечената прва дама на Франција.

Брижит Макрон многу добро знае што и одговара и не се откажува од таа модна формула. Таа со години е верна на тесните модели на панталони и здолништа до колена како и на неутралните нијанси, а и покрај тоа нејзините модни комбинации никогаш не се здодевни.

Брижит и Емануел Макрон
Брижит и Емануел Макрон

Иако годинава го прослави својот 70-ти роденден, шик Французинката со многу стил и дух покажа како се носат кожени панталони со рамни чизми до глужд, а црниот стајлинг го „растури“ со бел капут кој стигнуваше до под колена.

„Отсекогаш сум работела многу напорно на тоа како да се претставам себеси. Никогаш не би ја напуштила куќата пред да изберам облека и да си ја средам косата – резултатите може да варираат, но не можам поинаку“, изјави Макрон еднаш за француски Elle.

Брижит и Емануел Макрон
Брижит и Емануел Макрон

На прашањето дали и пречи вниманието што го привлекува нејзината облека, таа одговори: „Зошто би ми пречело, ако тоа е добро за француската модна индустрија. Навистина сум заинтересирана за модата, а тука е и оваа фасцинација со Французинките и нивниот стил“.

Поврзани вести

📸Ким Катрал ги привлече сите погледи во екстравагантен мини фустан

Urednik

📷Елегантниот боб на познатата русокоса е најдоброто решение за дамите над 50 години

Urednik

📸Раскошното палто на Дуа Липа криеше сензуално издание

Urednik