СТАНДАРД life
Стил

(ФОТО) Француската стилска икона на црвениот тепих создаде моден момент за паметење

Како и нејзината славна мајка, по која го носи името најскапата чанта на светот, актерката и музичарка Шарлот Геинсбург е родена со добар вкус. На 52-годишна возраст инспирираше многу жени со својот едноставен и непретенциозен, но секогаш бескрајно шик стил, кој дојде до полн израз оваа среда на црвениот тепих на палатата во Версај.

Славната Французинка создаде незаборавни модни моменти на државната вечера во чест на британската кралска двојка, а сето тоа благодарение на налетите на ветрот и лелеавата креација на модната куќа „Сен Лоран“.

Шарлот ГеинсбургШарлот ГеинсбургШарлот ГеинсбургШарлот ГеинсбургШарлот ГеинсбургШарлот ГеинсбургШарлот Геинсбург

За познатата француска куќа, Геинсбург имаше можност да се претстави како модел, а нејзиниот избор за гала настанот беше заводливата верзија на црниот фустан, со детал со висока јака изработен од густа ткаенина во служба на наметката и висок пресек во долниот дел.

52-годишната Французинка ја стилизираше лелеавата креација со комплет накит во форма на масивен ѓердан и нараквици со златен сјај, за да го комплетира целото издание со вртоглаво високи црни сандали со тенки ремени и издолжена, писмо чанта, со лакирана завршница.

Поврзани вести

Мишел Обама покажа дека тексас фустанот е ласкав избор без разлика на возраста

Urednik

(ФОТО) Сите паднаа во втор план кога Адријана Лима се појави во фустан „убиец“

Urednik

Одамна не сме ја виделе: Камерон Дијаз во ефективно издание на улиците на Беверли Хилс

Urednik