СТАНДАРД life
Шоубиз

Името на Тејлор Свифт повеќе не може да се пребарува на X: „Ова го направивме заради безбедност“

Порано оваа недела, на интернет кружеа фотографии од Тејлор Свифт генерирани со вештачка интелигенција во порнографска верзија. Фотографиите од порно сајтот завршија на социјалните мрежи, а сега корисниците на X, порано Твитер, не можат да го бараат нејзиното име бидејќи се појавува порака за грешка.

„Ова е привремена мерка и е направена од претпазливост бидејќи безбедноста е наш приоритет“, изјави X за Page Six.

Вознемирувачките лажни фотографии на пејачката ја прикажуваат во различни сексуални сценарија на игра на Канзас Сити Чифс, за која игра нејзиното момче Тревис Келче. Штом фотографиите станаа вирални, верните фанови на пејачката застанаа во нејзина одбрана, кои ги молат луѓето да не ги споделуваат. Свифт наводно е „бесна“ и размислува да поднесе тужба.

Се огласи и Белата куќа

„Дали ќе бидат преземени правни мерки или не, останува да се види, но едно е јасно: овие лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција се навредливи и експлоататорски и се направени без согласност и/или знаење на Тејлор. Налогот на Твитер кој објави повеќе од нив не постои. Шокантно е што платформата на социјалните мрежи на прво место би дозволила такви објави“, изјавил извор за Дејли Мејл.

Тејлор не зборуваше за инцидентот, но обожавателите ја бранеа на социјалните мрежи. По скандалот, Белата куќа повика на легислатива за заштита на жртвите на онлајн малтретирање. Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер рече дека инцидентот е „алармантен“ и дека администрацијата на Бајден се фокусира на негативните страни на вештачката интелигенција.

„Се разбира дека Конгресот треба да преземе законодавна акција. Така се справувате со некои од овие проблеми“, рече Жан-Пјер, според The Verge.

Поврзани вести

Познати првите резултати од обдукцијата на Метју Пери!

Urednik

📷Фотографите ги сликаа Џенифер Лопез и Афлек додека страсно се бакнуваа

Radmila Tasevska

Каја Гербер за Синди Крафорд: „Таа е кул мајка, но постојано ме срами“

Urednik