СТАНДАРД life
Шоубиз

Пејачката која долго го криеше лицето проговори за естетски зафати

Пејачката Сиа на своите фанови на Х (поранешен Твитер) им откри дека направила липосукција.

„Морав да земам лекови кои ме натераа да се здебелам и не можам да ја сменам тежината со вежбање или лекови, па затоа денеска отидов на липосукција. Ве молам знајте дека имам многу среќа што имам ресурси да го променам мојот изглед и кога ќе ме видите повторно, сакам да знаете дека тоа не дојде од диета и вежбање“, рече таа.

Австралиската пејачка изјави дека сака да биде искрена за липосукцијата, но не откри каде на телото ја направила процедурата.

„Сакам да бидам искрена за сите мои постапки за да не придонесувам за систем кој ни кажува дека не сме доволни“, објасни таа и додаде: „Јас сум несигурна како повеќето луѓе и да се биде во очите на јавноста ми создава анксиозност, па решив да го сменам изгледот поради проблеми со самодовербата“.

Вториот пат направи липосукција

Таа ја заврши објавата со молба за молитви и поддршка од нејзините фанови. „Молете се за мене, ве молам!

Ова беше втор пат Сиа да направи липосукција. Во 2021 година, за време на интервјуто со докторот и писател Габор Мате, таа рече дека нејзината сопствена несигурност ја турнала кон липосукција. „Двапати направив липосукција на брадата, мислејќи дека имам двојна брада, но испадна дека тоа се мускулите што ги користам за пеење. Бев толку несигурна“, рекла таа, додавајќи дека имала и неуспешна липосукција на стомакот.

Криење на лицето зад руса перика

Австралиската пејачка во минатото редовно го криеше лицето на своите настапи. Сиа, настапувајќи во Carpool Karaoke, му открила на Џејмс Корден дека решила да го сокрие лицето бидејќи често музиката е засенета од изгледот на изведувачот, што сакала да го избегне. Одлуката беше мотивирана и од желбата да се биде посигурен на сцената. Одлуката да се скрие од јавноста ја донела во 2014 година, кога станала светски позната.

„Се отрезнив кога ја ставив периката на моето лице – како да сум во балон со себе“, изјави таа за Зејн Лоу во интервју за Apple Music 1 во септември 2023 година.

Во октомври, таа гордо откри дека била подложена на естетска операција на лицето од естетскиот хирург од Беверли Хилс, д-р Бен Талеи.

„Јас сум поп-ѕвезда која обично го крие лицето и не лажам, па ќе ви кажам како отидов кај д-р Талеи на процедура која тој ја направи многу добро. Тој е навистина генијалец во својата работа“, рече таа на доделувањето на наградите за убавина во Лос Анџелес.

Поврзани вести

Ѕвездата на „Сексот и градот“ штрајкува со глад за да повика на траен прекин на огнот во Газа

Urednik

Ѕвездата на хит серијата „Луди седумдесетти“ осудена на доживотен затвор

Urednik

Принцот Вилијам проговори за прв пат по дијагнозата на неговиот татко

Radmila Tasevska