СТАНДАРД life
Шоубиз

📸НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ СИНОНИМ ЗА ЛУКСУЗ: Покажа како го украсила својот дом, а гардеробата и е СПЕЦИЈАЛНА ПРИКАЗНА

Џенифер Лопез откри како изгледа празничното украсување во нејзиниот дом во Лос Анџелес, каде живее со сопругот Бен Афлек и децата.

Во замокот од 60 милиони долари, сè блеска од луксуз и злато. Познатата пејачка се потрудила со својот стајлинг да ги усогласи скапите детали зад себе – од раскошното здолниште до „чудото од сандали“.

Гламурозната новогодишна елка е украсена со златни украси, додека Џенифер Лопез позира во луксузно здолниште направено од брокат, скапа свила, кое е украсено со сребрени пеперутки.

Има и скап накит, метални обетки и масивна златна нараквица. Едноставната бела кошула малку го ублажи стајлингот, а потоа сандалите ја сменија приказната. Џеј Ло носеше сребрени и златни чевли со огромна платформа и пчелни украси во овие две бои.

Попразнично и поскапо не можеше да биде. На нејзиниот Инстаграм профил ја фалат неа и празничното украсување, а меѓу нив е и Парис Хилтон која е воодушевена од новите фотографии.

Поврзани вести

(Фото) Том Круз конечно доби Оскар: Статуетката ја чекаше дури 39 години

Urednik

Анџелина Џоли откри поради која улога речиси се откажала од глумата

Urednik

📷Транс жена го украде центарот на вниманието на доделувањето на наградите „Златен глобус“

Urednik