СТАНДАРД life
МК Сцена

Интервју со Слаткар: Најтешкиот период во кариерата можеби ми бил и најкорисниот, кој најмногу влијаел на моето подобро утре

Ние константно имаме тешки моменти, не е ова „регулар џоб“, ова е баш кариера. Во денот можат да се случат такви „обртаи“ што некогаш е нереално. Утрото може да си на врв, вечерта да си на дно, едноставно е таков самиот бизнис… така да сум бил во многу тешки моменти, ние пак сме класични трговци на добро спакувани емоции, ние тргуваме со емоции, ти работиш со емоции, ти си емотивен по природа, вели во интервју за „Стандард лајф“ раперот Марко Маринковиќ – Слаткар.

-Можеби најтешкиот период е кога ми заврши договорот со Јован и почнав од ново се сам, ама поради тие моменти некако си бил храбар и си решил да почнеш се од нула. Некако самото време и господ и некоја енергија има што после некој период почнува повторно да те наградува. Така да можеби и најтешкиот период во кариера ми бил и најкорисниот период во кариера, односно делот што најмногу влијаел на моето подобро утре, истакнува тој.

Вели дека во моментов работи на три нови синглови кои би требало да излезат месецов, подготвува многу нови работи, како и албум за наредна година.

-Има многу многу неиздадена музика што треба да излезе, истакнува популарниот Слаткар, додавајќи дека во 2024 та се навршуваат 15 години од првиот албум „Слаткаристика будало“ и дека „нешто спрема“ но не открива што. „Можеме баш онака да изненадиме“, порача тој.

За тоа дали би сакал еден ден Моша, неговиот син, да се занимава со неговата професија, раперот вели дека не би сакал да се занимава со ова што се занимавам тој, ниту неговата мајка.

– Едноставно треба да си најде нешто негово и да си биде добар во нешто друго. Јас би го советувал тоа. Е сега он ако е решен, тука нема начин како да се сопре, човекот е Бик во хороскоп така да разбирачка нема, на шега вели Слаткар.

Како би го опишал Слаткар пред 10 години и Слаткар денес? Која е разликата?

-Има голема музичка разлика. Иначе самата порака е, ако не иста, слична е. Но во главно 10 години си се 10 години, можеби јас не ги осеќам тие разлики, ама сигурно има. Така да можеби сум сега позрел за некои работи, за некои работи можеби сум уште зелен како што сум бил пред 10 години. Верувам во чуда ваљда уште, уште сањам, така да во главно па исто, а другиве работи се менуваат.

Имаш голем број соработки, но која би ја издвоил како најдрага? Дали од почетоците со Тони Зен можеби или последната со Два Бона? Имаше соработка и со покојниот Ферус…

-Па не знам дали би одвоил некоја соработка како најдрага, некако како најдрага можеби во тој период, не знам, со Тони Зен ми се многу драги заради тоа што тоа е мојот старт. Со Тајзи и Ферус ми се многу драги заради тоа што е тоа мојот втор старт каде што ја се осеќам дека сум се родил повторно, Тајзи е нашиот прв артист кој успеа да направи добар резултат. После со Два Бона исто има некоја тежина тоа е тотално трета генерација која успеала да излезе преку она што го правиме ние, така да секоја соработка ми е посебно драга.

Кои артисти од домашната сцена сакаш да ги слушаш?

-Сакам да слушам наша музика, во главно слушам многу, мислам слушам многу, сакам да слушнам секогаш што ново има на пример Фанк Шуи, Јанг Дади, Пајак, Некст Тајм не знам што друго сакам да слушнам. Сакам да слушнам и кога ќе извадат песни Игор Џамбазов, Владо Јаневски, Каролина, не знам во главно сакам се, сакам да слушам музика од луѓе што се добри и прават добра музика а кој е најдобар тоа не можам да кажам веројатно тој што прави највеќе пари.

Што можеш да издвоиш како најтежок момент во твојата музичка кариера?

-Ние константно имаме тешки моменти, не е ова „регулар џоб“, ова е баш кариера. Во денот можат да се случат такви „обртаи“ што некогаш е нереално. Утрото може да си на врв, вечерта да си на дно, едноставно е таков самиот бизнис… така да сум бил во многу тешки моменти, ние пак сме класични трговци на добро спакувани емоции ние тргуваме со емоции, ти работиш со емоции, ти си емотивен по природа. Можеби најтешкиот период е кога ми заврши договорот со Јован и почнав од ново се сам, ама поради тие моменти некако си бил храбар и си решил да почнеш се од нула. Некако самото време и господ и некоја енергија има што после некој период почнува повторно да те наградува. Така да можеби и најтешкиот период во кариера ми бил и најкорисниот период во кариера, односно делот што најмногу влијаел на моето подобро утро.

Дали во моментов работиш на некој проект, сингл?

-Да работам на три нови синглови би требало да искочат трите месецов, спремам многу нови работи, спремам албум за наредна година така да има многу многу неиздадена музика што треба да излезе.

Пред десетина години имаше незаборавен концерт на тогашен Саем. Можеме ли да видиме во иднина повторно сличен спектакл?

-2024 наредна година е 15 години од првиот албум „Слаткаристика будало“ така да имаме нешто спремаме ама да не откривам сега да можеме баш онака да изненадиме.

Дали би сакал еден ден Моша да се занимава со твојата професија, што би го советувал?

-Па не би сакал да се занимава со ова што се занимавам јас. Мислам нашата „прича“ не е толку весела ја сум растен во 5 члена фамилија, во многу мал стан, со многу мали примања, буквално во огромни солитери каде што сме чекале, мислам, каде што сме живееле многу тешко и ова ни било излез да не „залутаме“ и запливаме во некои погадни и мутни води. Така да, мислам дека он нема да е во таа ситуација, не знам прво и основно како би се инспирирал да биде волку гладен и да цел тој револт го исфрла кога животот му е, и ќе му биде, среден. Така да, не верувам и не би го советувал да се занимава со ова што го работам јас, ни со тоа што го работи мајка му, заради тоа што едноставно треба да си најде нешто негово и да си биде добар во нешто друго. Јас би го советувал тоа. Е сега он ако е решен, тука нема начин како да се сопре, човекот е Бик во хороскоп така да разбирачка нема.

Имаш огромно влијание врз децата и имаш голема фан база меѓу најмладите. Како би го опишал твоето влијание врз нив?

-Па искрен пристап, секогаш сум имал искрен пристап и дури кога ќе кажам нешто за нешто за кое не се сложуваат они знаат дека сум искрен и не ми замеруваат. Во главно веројатно е тоа што правиш многу години музика и ни сам не знам кочку песни имам, којзнае колку песни имам, значи сум се утепал од работа и додека сум работел не сум ги лажел. Сум им помогнал во животот да завршат некоја добра работа, некоја корисна… можеби некого со мојата музика сум го израснал и сум му се нашол кога бил во најтешко, некој се заљубил на мојата песна, некој се оженил со мојата песна некој ме слуша и си вика па не сум само ја ваков чим Марко вика не е срамота, стварно не е срамота истура од грб еден товар што му тежел и несвесно помагаш на луѓето и ради тоа ти веруваат и им влијаеш. Така да поради тоа сум бил искрен, не сум лажел и никогаш не сум се трескал од земја ради некоја работа што се дешавала околу нас и сите мислеле дека е нешто посебно голема. Не сум се трескал од земја во превод не сум се „ку*чел“ никогаш со ништо во животот пошто мислам дека не е добро човек да се „ку*чи“ за било што така да веројатно тоа е тоа што ги спојува сите овие генерации кај нас.

Без музика не можеш, а најбитно од се е семејството, како ги организираш семејните обврски и твоите музички обврски?

-Да тешко е човек да направи баланс помеѓу тоа и тоа, ама кога се сака, се се може. Јас еве на пример кога беше помал Моша константно додека го чував ми свиреа битови, мислам таков е нашиот процес на креирање на музика слушаме битови и од тоа правиме песна и јас комотно сум можел да си играм со него со колички и да ми свири бит. Ама човек наоѓа време секогаш за тоа што го сака и што му е битно, така да ако стварно се сака, се се може, има време за се. Балансирам некако и мислам дека сум влезен веќе во шема и терам.

Во една од твоите песни споменуваш дека си „раскрстил со алкохолот“. Каков е животот без „капка алкохол“?

-Па имам раскрстено со „пијанчење“, више не сум бил пијан едно може шест, седум години, може и се помалце, да не сум бил „пијан пијан“, од типот на не сум пиел. Сега се опив малце, не се опив да се опијам да не знам каде сум, туку така малце. Имам скратено скроз алкохол и имам почнато после четири години од ново со по една, две пијачки, третата пијачка ми е веќе аларм дека оваа е последна и дека после тоа нема више. Ми оди многу фино и се осеќам многу подобро и така некако потрезвено гледам на работите.

Се новогодишната ноќ, каде ќе ја помине Слаткар?

-За најлудата ноќ ќе лудуваме на плоштад, дојдете ќе пукаме петарди!

Р.Т.

Поврзани вести

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska

Елена Ристеска одбра сив краток фустан со светки и црни сандали за настапот пред скопјани

Radmila Tasevska

„Чуварите на формулата” на Бјелогрлиќ од денес во кино Милениум

Urednik