СТАНДАРД life
Стил

📷Пенелопе Круз доминираше на црвениот тепих во прекрасен фустан

Шпанската актерска дива, крунисана со Оскар, Пенелопе Круз блесна на црвениот тепих на свечената премиера на филмот „Ферари“ во Лос Анџелес.

Црниот фустан до подот со шарени цветни апликации, ситни блескави камења и тесни прерамки, по избор на 49-годишната Пенелопе, е дел од колекцијата висока мода на „Шанел“ минатата сезона.

Пенелопе Круз
Пенелопе Круз

Нејзините сандали на платформа, исто така од „Шанел“, се одликуваа со свилен мазен црн горен дел, додека суптилните метални детали беа истакнати долж заоблениот ѓон.

Истите сандали ги носеше на 3 декември во Лондон, на средба со претставници на седмата сила во рамките на промо турнејата на филмот „Ферари“.

Поврзани вести

📸Сите застанаа кога Салма Хајек се појави во впечатливо здолниште кое не е за секого

Urednik

Каква фигура: Кралицата на уличната мода во спортско издание

Urednik

Романската Софија Лорен доминираше во фустан кој никогаш не излегува од мода

Urednik