СТАНДАРД life
Шоубиз

Еве каков потег направи Џастин Тимберлејк по признанието за абортус на Бритни Спирс

Реакциите за мемоарите на Бритни Спирс „The Woman in Me“ не стивнуваат, а Џастин Тимберлејк, нејзиното поранешно момче, изгледа мораше да направи голема промена на својот Инстаграм профил поради тоа.

Имено, пејачот ги исклучи коментарите под своите објави на Инстаграм откако поради сè што откри Бритни за нивната врска, под неговите фотографии се појавија остри критики на фановите на пејачот.

„Џастин ја донесе оваа одлука поради коментарите со омраза и одвратните работи што луѓето му ги пишуваа“, открил извор за Page Six.

За потсетување, Бритни во новата книга презентираше досега непознати информации за нивната врска. Таа откри дека забременила за време на врската и дека имала абортус. Пејачката, која тогаш имала само 19 години, вели дека земала апчиња за абортус кои и ги дал Џастин.

„Важно беше никој да не дознае за бременоста или за абортусот, што значеше дека сè правев дома“, напиша таа и додаде дека болката што ја чувствувала во тој момент била неподнослива.

Поврзани вести

Британски рапер осуден на 12 години затвор поради убиство и бегство од местото на несреќата

Urednik

Бред Пит реагираше на новата врска на Џенифер Анистон

Urednik

„Срам да ти е!“: „Испливаа“ интересни работи на судењето на Роберт де Ниро и неговата поранешна помошничка

Urednik