СТАНДАРД life
Шоубиз

Бред Пит одбил улога во хит на „Нетфликс“, а причината може да ве изненади

ЕДЕН од најдобрите трилер режисери, Дејвид Финчер, кој има хитови како „Боречки клуб“ и „Зодијак“, во интервју за магазинот „Ролинг Стоун“ откри дека Бред Пит одбил да се појави во неговиот најнов филм „Убиецот“, кој го сними за „Нетфликс“.

„Убиецот“ е акционен трилер, базиран на истоимениот француски графички роман од 1998 година, кој следи неименуван платен убиец „изгубен во свет без морален компас“. Главната улога во филмот ја имаше Мајкл Фасбендер, но тој не беше првиот избор на Финчер за улогата на платен убиец.

Финчер во едно интервју изјави дека на адаптацијата на графичкиот роман работи од 2007 година, а во 2008 година му ја понудил главната улога на Бред Пит, со кого соработуваше во „Боречки клуб“ и трилерот „Седум“. Сепак, на Пит не му се допаднала мрачната атмосфера на филмот.

„Првично планирав да му дадам улога на Бред Пит во 2008 година“, рече Финчер. „Но, неговиот одговор на понудата беше: „Ех, ова е премногу нихилистичко за мене“.

„Ни требаше некој кој може да го прифати тој аспект на ликот. Десет години подоцна, кога Енди и јас разговаравме за тоа, помислив на Мајкл Фасбендер“.

Фасбендер направи кратка пауза од актерството во овој период за да се посвети на семејството и автомобилските трки. Финчер му го испратил сценариото за филмот и кратка порака, на што актерот одговорил неколку часа подоцна, прифаќајќи ја улогата.

„Убиецот“ имаше премиера во одредени кина минатиот месец и моментално е достапен на „Нетфликс“, каде што за неколку дена се најде на врвот на гледаноста.

Поврзани вести

Ѕвезда на „Беверли Хилс“ порасна во луксуз, а сега живее со своите деца во кампер

Urednik

Салма Хајек откри што најмногу сака да прави на одмор

Urednik

Селена Гомез се одмора од социјалните мрежи: „Не можам да го поднесам овој терор во светот“

Urednik