СТАНДАРД life
Шоубиз

Тајсон отвори кафуле во Амстердам: „Отсекогаш сакав да бидам во бизнисот со канабис“

Поранешниот американски професионален боксер Мајк Тајсон (57) во средата го одржа официјалното отворање на своето кафуле во центарот на Амстердам, каде е дозволена продажба на марихуана или производи од канабис за лична употреба.

Голем број луѓе се собраа пред кафулето на Спуистраат, јавуваат холандските медиуми.

Кафулето на Тајсон „Coffeeshop Tyson 2.0“ е отворено од март. Во средата, Тајсон го посетил кафулето кое се наоѓа во близина на познатиот кварт на „црвените фенери“ и се сретнал со интересни луѓе и новинари, пишува NL Times.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија по отворањето на својот прв локал во Амстердам изјави дека неговиот „сон се остварил“.

По завршувањето на неговата кариера, Тајсон се впушти во бизнисот со канабис. Од 2016 година, тој е горд сопственик на ранч со марихуана од 40 хектари во Калифорнија.

Во 2020 година, тој откри дека „пуши трева“ вредна околу 38.000 евра месечно.

Поврзани вести

Че повеќе нема да биде во новата сезона на серијата ‘И само така…’, а еве зошто

Radmila Tasevska

Софија Вергара објави фотографија од луксузен хотел, па покажа како изгледа без шминка (ФОТО)

Radmila Tasevska

Шенон Доерти направила план за својот погреб – Ги откри деталите!

Radmila Tasevska